Мед

Медот е еден од првите пчелни производи кои човекот започнал да ги користи. Дефиницијата за медот го опишува како “природна слатка материја што пчелите ја произведуваат од нектарот на цветовите, преку лачењето на делови од растенијата или преку излачување на растителни инсекти кои се хранат со делови од растенијата, кои пчелите ја собираат, трансформираат и комбинираат со одредени сопствени материи, потоа ја складираат во својата кошница и оставаат да созрее” (Codex Alimentarius 1989). Медот се разликува како по својата боја, така и по својата текстура. Бојата може да варира од транспарентна, безбојна (речиси како вода) до темно жолта или пак црна и неговата проѕирност или јасност е пред се одредена од количината на суспендирани честички во него, како што е поленот. Во најголемиот дел, медот е составен од прости шеќери како фруктоза и гликоза (95-99% од сувата материја на медот), потоа вода, органски киселини и минерали, од кои најзастапен е калиумот.

Багремов мед
Пчеларство Стефановски

Пчеларство Стефановски на своите купувачи им нуди најчиста форма на мед, сиров, вкусен и нетретиран со било какви хемикалии, трпеливо и грижливо собран, обработен и спакуван со љубов. Нашиот мед е произведен од нектар на растенија и дрва во околината на реката Вардар, во Полошкиот Регион, надвор од градот и градската бучава и метеж.

Конзумирањето, односно употребата на медот ги има следните придобивки:

Нутрициски придобивки / Извор на енергија – бидејќи медот во основа се состои од прости шеќери (фруктоза и гликоза), неговата конзумација обезбедува брз пристап до енергија. Се вели дека помага за постигнување подобри физички перформанси и против замор, а исто така промовира и подобра ментална ефикасност.

Придобивки за дигестивниот систем – се вели дека медот го подобрува варењето на храната во организмот поради што се користи при појава на хронични и инфективни цревни проблеми како што се запек, улкуси и нарушувања на црниот дроб и успешно се покажал во лекувањето на разни гастроинтестинални нарушувања.

Придобивки за респираторниот систем – поради неговото антибактериско дејство, медот е добро познат лек против настинки и иритации и инфекции на устата, грлото или бронхиите

Придобивки за кожата и заздравување на рани – медот има широка употреба во козметичката индустија, пред се поради неговото својство за негување и навлажнување на кожата, и во фармацевската индустрија каде се користи за отворени рани, чиреви, варикозни чиреви и изгореници. Истражувањата покажуваат дека помага против инфекции на кожата, промовира регенерација на ткивата и ги намалува лузните

Други придобивки – медот ја нормализира функцијата на бубрезите, ја намалува треската и помага при несоница, го штити црниот дроб при интоксикација со алкохол