Прополис

Прополисот претставува мешавина од пчелин восок и смоли кои пчелите ги собираат од растенијата, особено од цвеќињата и пупките од растенијата. Во процесот на собирање и обработка, покрај со восок, пчелите смолата ја мешаат со својата плунка и други секрети. Така обработената смола, пчелите работнички ја користат за обложување на внатрешноста и пополнување на дупки во своите кошници, за намалување на влезот доколку одлучат дека е потребно, но можеби најважната функција на прополисот е неговата примена во затворањето и заштитата на идното легло. Составот на прополисот зависи од видот на растенијата кои пчелите ги посетуваат и токму поради различитоста на видот на растенијата се разликува во својата боја, мирис и лековити карактеристики. Може слободно да се каже дека секое пчелно семејство повеќе или помалку преферира одредени растенија (дрва и грмушки) од каде ја собира смолата, па оттука и разновидноста на прополисот во неговата боја, мирис и состав. Во најголемиот дел (околу 50%) прополисот се состои од флавоноиди и други фенолни киселини (имаат исклучителни антиоксидантни својства), восок и масни киселини, есенцијални масла, полен, минерали и други органски материи.

Пчеларство Стефановски во својот асортиман нуди три вида на прополис за широка употреба:

  • масло од прополис (10% прополис)
  • алкохолен раствор од прополис (30% прополис)
  • воден раствор од прополис (20% прополис)

Карактеристиките и лековитите својства на прополисот биле познати уште од дамнешно време, па така старите Грци, Римјани и Египќани добро знаеле дека употребата на прополис помага во лекувањето на кожните апсцеси. Едно од најпознатите и најопширно тестирани својства на прополисот е неговото антибактериско дејство. Поради своите антибактериски карактеристики, прополисот наоѓа широка примена во медицината при третман на кардиоваскуларниот и крвниот систем (анемија), против разни инфекции на респираторните органи, во стоматологијата за заштита и одржување на здрави заби и усна шуплина, во дерматологијата помага при регенерација на ткивата и заздравување на рани, особено изгореници, чиреви, егзема, микоза и инфекции на мукозните мембрани и лезии, како дополнително средство за третман на рак, го подобрува и оддржува имунолошкиот систем, дигестивните патишта, црниот дроб.